Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Во источните делови повремено ќе биде значително облачно, а кон крајот на денот во североисточните ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 8 степени.

Под влијание на влажен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.