Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, а на места повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. Претпладне, по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура е во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје, претпладнево има магла и ниска облачност. Околу пладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб северен ветер. Минималната температура се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени Целзиусови.

В сабота ќе дува слаб до умерен северен ветер. До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со магла и ниска облачност по котлините, а во вторник се очекува променливо облачно време со повремен дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.