Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст на температурите, особено на утринските. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе се задржи претежно ведро време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата.

В четврток утринската температура ќе биде од минус три до пет степени, по што постепено ќе се зголемува и ќе се движи од два до 10 степени Целзиусови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен Целзиусов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.