Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје и околината сончево со слаб југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Во текот на ноќта и изутринава беше ведро и тивко, само во повисоките места дуваше слаб ветер претежно од западен правец.

Минималните температури се движеа од -6 во Берово, -4 во Петровец, Крива Паланка и Маврово, -3 во Тетово, Битола, Струмица, Демир Капија и Попова Шапка, -2 во Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Гевгелија, Крушево и Куманово, -1 во Скопје, 0 во Виница и Тополчани, 1 во Дојран и Пожаране, 2 во Ѓуриште, до 4 Пожаране.

Висината на снежна покривка во 7 часот изнесуваше 22 сантиметри во Маврови Анови, 20 во Ѓуриште, 17 во Крушево, 20 во Пожаране, 9 во Попова Шапка и 1 сантиметар во Тополчани.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и потопло со пораст на температурите на воздухот. Локални слаби врнежи од дожд се очекуваат во среда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.