Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Утрото ќе биде свежо, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Утринската температура ќе се движи од три до 13, а дневната од 22 до 30 степени.

Во Скопје во утринските часови со услови за слаба магла, преку денот сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Продолжува периодот на сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Утринските температури постепено ќе опаѓаат, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.