Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато. Како што информира АМСМ, забраната за сообраќај е воведена од 19:20 часот.

Поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Струга – Г.П. Ќафасан и Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Како што информира АМСМ, забраната за сообраќај е воведена од 20:00 часот.

Претходно забрана за движење на камиони беше воведен на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Поради интензивни врнежи од снег oд 14.30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 10:15 часот поради интензивни врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.