Наутро во котлините има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура е во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени Целзиусови.

Како што информираат од УХМР, во Скопје утрово е магливо, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени Целзиусови.

Денеска во текот на денот ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време. Температурите ќе бидат во пораст и ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, само на планините ќе бидат од снег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.