Времето во земјава наутро со услови за појава на магла по одделни котлини, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 8, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со зголемена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Во следните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето со услови за утринска магла по одделни котлини. Од среда под влијание на нов влажен бран повторно се очекуваат врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.