Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините во северозападните делови повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени Церлзиусови.

Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 14 степени Целзиусови.

Од петок попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, со променлив интензитет. Во понеделник се очекуваат обилни врнежи на повеќе места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.