Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Утре и в понеделник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.