Денеска претпладне има умерена до значителна облачност, а по котлините има магла. Околу пладне и попладне облачноста ќе се намали, а маглата ќе се подрасчисти.

Во западните делови и во повисоките планински подрачја ќе биде претежно сончево преку целиот ден. Максималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде магливо и со значителна ниска облачност, која околу пладне и попладне ќе се намали.

Максималната температура во главниот град ќе достигне до 13 степени Целзиусови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.