Членовите на нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид денеска го чистеа Охридското Езеро од отпадоци, за кои велат дека можат да бидат потенцијална опасност за скокачите по крстот.

Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление-Водици, нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни дејности “Охрид” денес го чистеа дното од градското пристаниште од отпадни материи. Целта на оваа акција е обезбедување на просторот каде што ќе се фрла светиот крст од разните отпадoци кои претставуваат потенцијална опасност за скокачите по крстот, велат од „Амфора“.

фото: фејсбук

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.