Под влијание на нова значително постудена воздушна маса од север и тоа веќе од понеделник ни следува нов голем пад на температурите на воздухот а сето ова ќе биде проследено со северен и со североисточен ветер.

Во понеделник попладне и навечер како и во вторник особено претпладне ќе има нови повремени врнежи од дожд и тоа претежно во јужната половина од државава додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 8 до 16 степени. Иако условите не се баш најголеми но сепак постојат и има услови за провејување на снег на највисоките планински места во државава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.