АМСМ информира дека попладнево е нормализиран сообраќајот на неколку патни правци, кои беа затворени поради протест и блокада.

Во 13:40 часот е нормализиран сообраќајот кај новата патарина „Кадрифаково“ на патот Штип – Скопје.

Во 14:00 часот собирот кај Плетвар завршил и сообраќајот е нормализиран.

Во 14:00 часот на патот Струмица – Радовиш кај село Василево, собирот завршил без проблеми и сообраќајот е нормализиран.

Во 14:00 часот на шатот Штип – Велес кај село Сарамзалино, собирот завршил без проблеми и сообраќајот е нормализиран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.