Претежно облачно време со локален дожд ќе преовладува денеска во државата. На планините ќе паѓа снег, а долж Повардарието ќе дува засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје слично време со повремен дожд претпладне и повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Во текот на ноќта во поголемиот дел од државата беше облачно, а во северните и североисточните делови врнеше дожд.

Во Маврово и Лазарополе врнеше снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.