Под влијание на нов изразен влажен воздушен бран за време на викендот и тоа особено во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела како и во недела се очекуваат нови поинтензивни врнежи од дожд ( локално над 30 л/м2). Секако се очекува и локален развој на нестабилна облачност проследена со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен до силен ветер како и со услови за појава на град, токму поради оваа ситуација граѓаните да бидат внимателни, а поради поинтензивните врнежи можни се и локални поплавувања, предупредува Славчо Попоски.

Влијанието на посвежата воздушна маса од север понатаму кај нас ќе условува подпросечни температури на воздухот за овој дел од годината, па така истите на повеќе места ќе останат под 30 степени, а наутро најниските температури понекаде се очекува да се спуштат и под 10 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.