Денеска времето во поголемиот дел од Македонија ќе биде променливо облачно со повремени затоплувања и сончеви периоди. Во утринските часови е можна и магла по котлините.

Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Температурите ќе достигнат дури и до 15 степени, особено во југоисточните краеви. Во северозападниот дел најладно со максимални седум степени, додека минималните ќе бидат до 2.

Најниската температура ќе ја имаме во Скопје околу нулата, а дневната во скопското подрачје ќе се искачи до 10 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.