Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, а дневната температура од 15 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната температура до 24 степени.

Во вторник ќе преовладува променливо облачно време. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда следува стабилизирање на времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.