Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од девет до 21 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Утре претежно на југозапад, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно, во попладневните часови со локален пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Утринските температури на некои места ќе се спуштат и до минус еден степен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.