Под влијание на нова влажна и нестабилна воздушна маса во текот на претстојната ноќ во поголем дел од државава ќе има нови врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и проследени со појава на грмежи како и со засилен ветер, не се исклучува можноста и за локална појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и појава на град. Во зоната на нестабилноста исто така се очекува да наврне и значително количество на воден талог (над 20 л/м2). Во текот на утрешниот ден ќе бидеме под влијание на уште посвежа воздушна маса од север која ќе услови да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец а максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 20 до 28 степени.

И во следниот период се очекува почеста појава на варнежи кој повремено ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со грмежи а исто така и температурите ќе останат под просекот за овој дел од годината, поточно ќе биде постудено од вообичаеното.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.