Времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната од 9 до 15 степени.

Во Скопје облачно со повремен дожд и со слаб североисточен правец. Минималната температура ќе биде 11, а максималната ќе достигне до 13 степени

Под влијание на влажна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.