Топлото време и високите температури ќе продолжат и во наредните денови. До крајот на неделава ќе биде сончево и многу топло со натпросечни температури кои ќе надминат 40 степени.

Од УХМР велат дека со прогнозираните температурни вредности ќе биде активирана жолта, а во југоисточните подрачја портокалова фаза за опасност од високи температури. Во среда ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи кога ќе има и пад на дневната температура за 3 до 5 степени.

Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степени, а ќе има и висок УВ индекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.