Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Намалена видливост поради магла до100 метри има на Попова Шапка и 30 до 50 метри на планинскиот превој Стража.

Според ЈП „Македонија пат“, снег врне на Попова Шапка, а поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелираме на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.