Утрово најниска температура била измерена во Маврови Анови од -14 степени, -13 степени биле измерени во Берово, -12 степени во Попова Шапка, -10 во Битола, -8 во Крушево и Крива Паланка, -7 во Охрид, Прилеп и Претор, -6 степени биле измерени во Тетово, -5 во Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, и Куманово, -4 во Струмица и Виница, -3 во Скопје-Зајчев Рид, 1 степен во Дојран и Гевгелија.

Снежната покривка изнесува 49 сантиметри на Маврови Анови, 30 сантиметри на Попова Шапка, 27 во Крушево, 26 сантиметри во Пожаране, 19 на Ѓуриште, 7 во Битола, 6 во Берово, 4 на Претор, 3 во Тетово, Прилеп и Крива Паланка.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.