Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 14 литри на метар квадратен, наврнал во Лазарополе, во Охрид и Дебар се измерени 8 литри, во Претор и на Попова Шапка 6, во Маврово и Пожаране 5, во Крива Паланка и Тетово 4, во Куманово 3, во Скопје-Зајчев Рид и Петровец, Прилеп, Виница, Крушево и Ѓуриште 2, додека по еден литар на единица површина наврнал во Битола, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, Берово, Тополчани и Пожар.

Утрово е најстудено на Попова Шапка, 0 степени, а најтопло, со максимални 12 степени, е во Гевгелија и Дојран. Два степена е во Лазарополе, 3 во Маврови Анови, 5 во Крушево, 7 во Крива Паланка, Охрид, Претор и Берово, 8 во Прилеп, Тетово и Дебар, 9 во Скопје-Петровец и Зајчев Рид, Штип, Битола, Виница и Куманово, 10 во Демир Капија и 11 во Струмица.

Времето во моментов е облачно со повремени врнежи дожд. И во текот на денот се очекува да биде облачно и посвежо со повремени врнежи. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.