Како што соопшти Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР), преку ноќта беше умерено до значително облачно, по котлините магливо. Најстудено било во Лазарополе, каде се измерени нула степени, а во Струмица, Виница и Берово само еден степен, а најтопло во Демир Капија и Дојран – шест степени.

Најмногу дожд ноќеска и вчера наврнал во Лазарополе – 10 литри на метар квадратен, во Маврово пет, во Претор четири, во Охрид три, а во Штип и Куманово два литри на метар квадратен.

Претпладнево времето е со магла или ниска облачност по котлините, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во југоисточните делови повремено умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне 12 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.