Сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 42 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време (до 06.08) со натпросечни температури за овој период од годината. Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.