Водоводниот дефект на улица „Црногорска“ поради технички причини се одложува за утре, соопшти попладнево јавното претприајтие „Водовод и канализација“.

Без вода утре ќе бидат корисниците од улиците „Црногорска“, „Кузман Шапкарев“, улица „1223“, „Гостиварска“, „Кадињача“, „Андон Папрадишки“, „Александар Македонски“, „Љубин“, „Андреј Зографски“, „Смилевска“, „Панајот Гиновски“, „Жеденска“, „Островска“, „Драговити“ и дел од „Борис Серафов“.

Прекинот е најавен за во 11 часот,а ќе се работи на уличен дефект на водоводна мрежа Ф 150мм. на улица „Црногорска“ 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.