Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на граничниот премин Табановце, за влез и излез од државата, попладнево, е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Поради изведување градежни работи (асфалтирање), од 18 август па до 12 септември на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 09:00 и 15:30 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.