Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензите на патните правцни надвор од градските средини.

Како што информира АМСМ на граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Застојот е поради навалицата на македонските граѓани да се вакцинираат против ковид-19 викендов во Белград.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.