На повеќе патни правци во државата има магла, но во целина, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Од АМСМ соопштуваат дека намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Тетово – Гајре, Кичево – Пресека, како и на планинските премини Ѓавато и Буково, додека на на патниот правец Дебар – Струга видливоста е до 100 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.