Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце се чека до 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Поради градежни активности на наплатната станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово, денеска има променет режим на сообраќај.

Изменет сообраќаен режим има и на крстосницата Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.