Македонската православна црква – Охридска архиепископија се оградува од изјавата на свештениците од Повардарската епархија во која тие ги поттикнуваат верниците да доаѓаат во црквите, што е спротивно на препораките на здравствените власти кои порачуваат граѓаните да останат дома за да се спречи опасноста од ширење на коронавирусот.

Портпаролот на МПЦ-ОА, владиката Тимотеј, за „360 степени“ вели дека верата нѐ учи на разум, а не да бидеме безразумни.

Една работа е да се прскаат улиците со света вода, а друга работа е да се почитува ред и поредок, како што беше кажано – да се држи дистанца, да се одржува хигиена, сето она што е препорачано од стручните служби во државата и не само кај нас, туку во целиот свет, вели владиката Тимотеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.