Времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 5 степени.

Во Скопје облачно со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и студено, со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Потоа и во наредните денови ќе се задржи студено време, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а услови за повремен снег ќе има во вторник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.