Нови температурен рекорд е регистриран во рускиот главен град, објави метеоролошкиот центар Фобос. Во Москва, денеска температурата на воздухот изнесуваше 11 Целзиусови степени. Просечната температура за овој период од годината е околу 23 степени.

Метеоролозите, кои имаат статистички податоци од 1948 година, посочуваат дека такви ниски температури во овој регион на Русија се забележани само двапати: во 1996 (+12.2 степени) и во 2003 (+13 степени), но живата никогаш не паднала толку ниско колку денеска.

Таква температура е типична за Москва на крајот од септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.