Во поголемиот дел од земјата времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Кон крајот на денот и особено на запад ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 6 до 14, а максималната од 22 до 29 степени.

И во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Температурата од 9 до 28 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер. Засилен јужен ветер ќе дува и во вторник, но условите за нестабилност тогаш ќе се намалени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.