Во цела држава изутрина во седум часот се регистрирани минусни температури, а најстудено е во Берово каде се измерени – 12 степени,  по што следат Маврово со – 11, Лазарополе, Тетово и Скопје-Петровец  – 9. Во Крива Паланка, Струмица, Битола, Прилеп и Демир Капија температурата  – 8, Претор – 7, Скопје Зајчев Рид, Виница, Дебар, Куманово, Крушево – 6, Охрид и Тополчани – 5, а 0 степени во Дојран, Гевгелија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На Маврови Анови има 12 сантиметри снежна покрива, а три на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде сончево и студено особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ветерот ќе стивнува. Дневните температури ќе бидат во интервал од 1 до 8 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 4 степени.

Автомотосојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државнита патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.