Попова Шапка утрово во 7 часот е со  најниска температурата, -11, а температури под нулата се измерени и во Маврово и Крушево (-6), во Пожар -5, Ѓуршите -4, Пожаране -3, два степена под нула во  Берово, Дебар и Тополчани и -1 во Крива Паланка, Охрид, Претор и Виница.

Во  Скопје-Зајчев Рид се измерени нула степени, како и во Тетово, Битола, Прилеп и Штип, 1 степен во Скопје-Петровец, Струмица и Куманово, 2 во  Дојран и 4 степени во Гевгелија.

Како што информкра УХМР, највисока снежна покривка според мерењата во 7 часот,  има во Маврови Анови, 41 сантиметар, 33 во Пожаране и Крушево, 27 во Попова Шапка, 24 во Дебар и Тополчани, 15 во Претор, 13 во Битола, 7 сантиметри во Берово, 6 во Куманово, 5 во Прилеп, 4 во Тетово и 3 см снег во Штип.

Осум литри на квадратен метар воден талог се измерени во Маврово, шест во Берово, четири на  Попова Шапка, Пожаране и Тополчани, три во Тетово, Демир Капија, Виница, Струмица, Дебар, Крушево и Ѓуриште, два литра во Крива.Паланка, Охрид, Претор и  Битола и еден литар воден талог на квадратен метар во Прилеп, Штип и Пожар.

За денеска УХМР најави променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има повремен снег, а во југоисточните делови дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Повремено ќе има услови за провејување на снег. Максималната температура ќе достигне до 5 степени

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.