Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе биде во пораст. Во среда, претежно во попладневните часови, ќе има локални врнежи од дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Како што информира УХМР, ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието, каде ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.

Времето и во Скопје е сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, а максималната дневна температура 21 степен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.