Моќниот циклон кој за време на викендот ќе го погоди целиот Балкански Полуостров, ќе донесе опасност од локални поплави, вели метеорологот Славчо Попоски.

Со продорот на многу постуден воздух од Арктикот, во речиси сите земји од регионот се очекува и снег кој во планинските места ќе достигне висина дури и повеќе од 20-30 сантиметри, објаснува тој за НоваТВ.

Во Алпскиот регион се очекува снежна покривка дури и од повеќе од 100 сантиметри.

„Би сакал вонредно да најавам дека во регионот доаѓа вистинска снежна бура за време на викендот, како и во почетокот од следната седмица. Интензивни врнежи најпрвин од дожд и можни се локални поплави а потоа со продорот на многу постуден воздух од север, ќе има и снег во поголем дел од Балканскиот полуостров. Понекаде и тоа особено во планинските предели се очекува дури повеќе од 20-30 сантиметри нов снег“, вели Попоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.