Месец март ни носи речиси непредвидливо пролетно време.

Времето утре ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаба магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и на места ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во среда времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.