Не е едноставно, клуч на врата, а вработените дома, со ова се соочивме по затворање на моловите од пандемијата предизвикана од COVID-19, велат 17 холдинзи со над 200 продавници и со околу 1700 вработени. Тие бараат итна средба со Министерство за економија и Министерство за финансии за идните итни мерки.

 

Сите ние, кои сме во малопродажба на брендови, мали и големи, се наоѓаме пред најголемата финансиска криза во нашата историја на постоење. Бараме итна средба со министрите кои се одговрни за финансии и економија да дискутираме за сет мерките кои би се донеле. Со неработењето на продавниците имаме проблеми со ликвидноста, зголемување на корпоративните долгувања, неможноста за исплата на плати и придонеси, неплаќање на јавни и царински давачки, како и неможноста за исплата на камати и кредити. Исто така имаме проблем и за сервисирање на трошоците кон домашните трговски центри и домашни добавувачи на стоки и услуги. Сакаме отворено да дискутираме и на маса да ги изнесеме нашите барања“ потенцираат претставниците од 17-те холдинзи.

За надминување на моменталната состојба треба да се имплементираат низа економски и финансиски мерки кои треба да овозможат конкретна помош на приватниот сектор. Особено во услови кога примарната дејност и прилив на тековни парични средства е стопирана.

Потребно е сите заедно да ги разгледаме проблематиките со кој се соочуваме во малопродажбата на текстил и обувки коишто функционираат долги години и помагаат во економскиот раст и развој на Република Македонија, додаваат претставниците од малопродажба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.