Најголем дел од државава ќе навлесе во портокалова предупредувачка фаза поради екстремно високите температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени, прогнозира Славчо Попоски.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево без врнежи, поради сончевото време без врнежи значително ќе пораснат и условита за опасност од пожари низ државава па така поради ваквата ситуација на граѓаните ги советуваме да избегнуваат палење на огнови во природа, исто така хроничните болни и оние повозрасните да избегнуваат излегување на силното сонце во периодот од 10 до 17 часот. Исто така во атмосферата кај нас е присутна Сахарска прашина и песок па така и атмосферата е позаматена а сето тоа го прави времето помачно а високата влажност во воздухот и релативно спарно и тоа особено во вечерните часови кога влажноста е највисока.

Промена на времето, врнежи и пад на температурите очекуваме веќе во среда доцна попладне и навечер како и во четврток.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.