Времето во текот на ноќта и изутринава се задржа тивко со магла претежно во Повардарието. Изутрина има и умерена облачност особено на југозапад. Магла има во Скопје и Демир Капија, а магливо е и во Струмица.

Минималната температура се движи од -1 Берово и Маврово, нула во Лазарополе, Тетово, Куманово, Крива Паланка, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 2 во Битола и Демир Капија, 3 во Крушево и Штип, 4 во Охрид и Струмица, 6 во Претор и Прилеп, 7 во Гевгелија и 10 степени Целзиусови во Дојран.

Времето денеска претпладне ќе биде со умерена до значителна облачност, по котлините и особено во Поардарието магливо. Од пладневните часови облачноста ќе се намали, а маглата ќе ослабе.

На повисоките планински подрачја ќе биде претежно сончево преку целиот ден. Ќе дува слаб јужен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје магливо и со ниска облачност која од пладне ќе се намали и ќе има сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне 13 степени Целзиусови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.