Од средината на неделава што доаѓа, нашата територија ќе започне да потпаѓа под влијание на уште потопол Африкански бран, кој како што информира Славчо Попоски ќе биде најсилен ова лето.

Температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на голем пораст и истите на повеќе места ќе се искачат над 35 степени, во централните и во југоисточните предели веќе од следниот викенд температурите уште повеќе ќе се зголемат и се очекува да се искачат и до 42, 43 степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево без врнежи повремено со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува 9, па така на граѓаните им препорачува да не се изложуваат на директно сонце и да пијат што повеќе течности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.