Намалена видливост поради магла утринава има на планинскиот превој Ѓавато и на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека видливоста на Ѓавато е до 50 метри, а на патниот правец Тетово-Попова Шапка од 60 до 70 метри.

Поради минирање за изградба на експресниот пат А2, делница Длабочица – Чатал денеска од 13 до 16 часот ќе има прекин на сообраќајот на потегот од село Ветуница до мостот на река Блидеш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.