Магла утринава има во Скопје, Тетово, Куманово, Штип и Демир Капија, а магливо е и во Струмица.

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно со сончеви периоди особено во источните делови од државата, а магла претпладне ќе има по котлините. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер кој во западните делови краткотрајно ќе засилува. Кон крајот на денот во западните делови ќе има појава на краткотраен дожд, а на повисоките планини од снег.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 15 степени.

Во Скопје слично време со температура до девет степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.