Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат. Ќе дува слаб, во источните делови умерен ветер од југоисточен првец. Во утринските часови појава на магла има во скопската и струмичката котлина. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Во Скопје, ќе бие променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 19 степени

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник попладне и во следните денови ќе има нови врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.