Времето денеска ќе биде стабилно и претежно тивко со ниска облачност и магла по котлините. Попладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во петок ќе биде променливо облачно со умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.