Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 15 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во текот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време, во првите два дена посвежо, а потоа со пораст на температурата. Врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне, претежно во јужните делови од земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.